1.8 C
Skopje
понеделник, 22 декември 2025

Дани Алвес ќе купи клуб во Португалија и ќе му се врати на фудбалот

Дани Алвес сака да купи клуб од третата лига на Португалија. Поранешниот дефанзивец на Барселона и ПСЖ е во напредни преговори за преземање на Сао Жоао Вер. Покрај тоа, 42-годишниот Бразилец планира и враќање на теренот, настапувајќи за тимот во текот на пролетта.

Алвес има намера директно да биде одговорен за спортскиот и административниот сегмент во клубот.

Порано оваа година Алвес беше ослободен од обвинението за силување поради недостаток на докази. Сепак, тој помина одредено време во затвор во Барселона.

- Оглас -

Најнови вести