35.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Дани Алвес почна штрајк со глад откако сопругата му кажа дека ќе се разведе од него

Тешки денови за најтрофејниот фудбалер во историјата, Даниел Алвес, кој веќе втор месец е во притвор, каде што го чека судењето за силување. Почнал штрајк со глад и се наоѓа во лоша емотивна и психичка состојба.

Бразилецот веќе три дена не јадел ништо, престанал да комуницира со останатите затвореници, седел заклучен сам во ќелија, а сето тоа почнало откако неговата сопруга Хоана Санс му кажа дека ќе побара развод.

Шпанската манекенка и на социјалните мрежи објави писмо во кое ја потврдува својата одлука да го прекине бракот.

- Оглас -

Најнови вести