13.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Дани Алвес привремено ослободен од притвор, на слобода ќе ја чека конечната пресуда

Судот во Барселона одлучи да го ослободи Дани Алвес од притвор, со кауција од 1 милион евра, до конечната пресуда.

Поранешниот фудбалер на Барселона беше осуден на 4,5 години затвор за сексуален напад, а Алвес и обвинителството ја обжалија одлука, па висината на казната не е конечна.

Обвинителството се спротивстави на ослободувањето на Алвес наведувајќи го високиот ризик од бегство поради финансиските можности на играчот и изречената строга казна. Сепак, судот се согласи да го ослободи фудбалерот со кауција. Откако ќе се прими уплатата, на Дани ќе му бидат одземени бразилскиот и шпанскиот пасош.

Судот му изрече и забрана да се приближува на 1.000 метри од домот на девојката која наводно ја силувал, а не смее да се доближи ни до нејзиното работно место или кое било друго место каде што таа често оди.

- Оглас -

Најнови вести