Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо има активен договор со Лајпциг до летото 2024 година. Сепак, одбива потпишување на нов договор бидејќи не е задоволен од понудената плата. Олмо бара повеќе пари, а Лајпциг одбива. Интерес за фудбалерот кој афирмација стекна во Динамо Загреб искажуваат од Ливерпул, кои ова лето ќе прават реконструкција. Тренерот на Црвените од Енфилд, Јирген Клоп, е загреан да го доведе во својата екипа, со оглед на тоа дека има големи проблеми во средината на теренот.
Сепак, доколку се случи налето Олмо да потпише за Ливерпул, тогаш и Лајпциг добро ќе заработи од овој трансфер бидејќи Шпанецот има активен договор со германскиот клуб. Моменталната вредност на Дани Олмо е 40 милиони евра, а Ливерпул е подготвен да плати десет повеќе, односно 50 милиони евра.