Дани Олмо е пред потпис со Барселона, но ќе падне и една „жртва“ за тој трансфер

Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо наскоро треба да стане нов член на Барселона. Дваесет и шестгодишниот офанзивец одамна се поврзува со враќање во Каталонија, но неговото доаѓање бара и една голема продажба.

Шпанскиот репрезентативец се враќа дома по долго време, а каталонскиот великан треба да издвои 60 милиони евра.

Сепак, како што тврдат каталонските медиуми, доаѓањето на Олмо ќе предизвика вистински потрес во клубот бидејќи едно големо име треба да го напушти клубот.

Навивачите на Барселона изразија голема загриженост. Буквално молат клубот да не го напуштат Педри, Гави или Ламин Јамал, кои се вистинска иднина на тимот од „Камп ноу“.

Френки де Јонг е човекот кого би го пуштиле со задоволство. Холанѓанецот одамна се поврзува со заминување од клубот, а многу брзо ќе биде познато и дали ќе се реализира трансферот на Дани Олмо, но и која од ѕвездите ќе биде „жртвувана“ за тој трансфер.

- Оглас -

Најнови вести