Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо веднаш по завршувањето на Европското првенство ќе го реализира трансферот во Манчестер сити, откриваат шпанските медиуми. Тој беше голема желба и на Барселона, но каталонскиот гигант во моментот не е во можност да ја плати отштетната клаузула од 60 милиони евра кон Лајпциг.
Интересно е што и раководството на Лајпциг реши да му излезе во пресрет на Олмо и ја продолжи клаузулата од 60 милиони евра за уште пет дена, па наместо да истече на 15, истекува на 20 јули.
Тоа е сосема доволно време за да се заврши сета потребна документација и да се официјализира еден од најзвучните трансфери ова лето. Дани Олмо речиси сигурно од август го очекува соработка со Пеп Гвардиола.