Фудбалерот на Барселона, Дани Олмо, најверојатно ќе го пропушти претстојниот натпревар против Баерн Минхен во третото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, пренесува шпанскиот медиум „Дијарио спорт“.
Според изворот, медицинскиот тим се сомнева дека има рецидив на повредата, која Олмо до скоро ја лекуваше. Ова беше и причината тој да не игра на натпреварот од десеттото коло на Ла Лига против Севиља, кој Каталонците го добија со 5-1.
Олмо последен пат се појави на терен при победата од 4-1 против Жирона, кога и се повреди. Во моментот изгледа дека неговото враќање на теренот ќе се одложи уште некое време.
Натпреварот меѓу Барселона и Баерн Минхен ќе се одигра утревечер, на Олимпискиот стадион во Барселона.