Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо имаше одлично деби во тимот на Барселона и донесе триумф (1-2) на гостувањето против Рајо Ваљекано. Тој го постигна победничкиот гол и донесе три бода по цели шест години на овој стадион.
Олмо го прослави погодокот во свој стил, со веќе познатиот гест, покажувајќи на раката како да има часовник. Потоа и објасни од каде потекнува овој вид на прослава на неговите голови.
„Има еден НБА кошаркар кој многу го сакам – Демиан Лилард. Тој ја прави таа прослава, кога покажува како има часовник на рака кога постигнува важни кошеви. Ми се допадна тој гест и одлучив да го користам во фудбалот“, објасни новиот ас на Барселона за шпанските медиуми.