Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо е пред трансфер во каталонскиот гигант Барселона. Тој доби официјална понуда за преселба од Лајпциг на „Камп Ноу“ и всушност да се врати таму каде и што ја започна кариерата, пред да замине во Динамо Загреб.
Барселона треба да плати 60 милиони евра на германскиот клуб, а на Дани Олмо му е понуден шестгодишен договор.
Каталонците имаат проблеми со буџетот, па за да останат во рамките на финансискиот фер-плеј, Барселона му нуди на Олмо договор на шест сезони, според кој првите две години би заработувал нешто помала плата, а од третата година би го добил очекуваното зголемување. На сличен начин беа договорени и трансферите на Роберт Левандовски и на Илкај Гундоган.
Покрај Дани Олмо, Барселона сака да го реализира и трансферот на Нико Вилијамс од Атлетик Билбао.