Нов голем пех за екипата на Барселона, па откако одигра само 1-1 на гостувањето кај Хетафе, „каталонците“ сега објавија дека на тој меч се повредил Дани Олмо. Фудбалерот за кој се водеше голема битка со шпанските институции за да биде регистриран, сега ќе го пропушти натпреварот против Бенфика во Лигата на шампионите, а може да паузира и подолго, во зависност од тоа како ќе тече опоравувањето.
Според информациите од Каталонија, Олмо се има повреда, односно истегнување на листот на десната нога која ја здобил на дуелот против Хетафе.
MEDICAL NEWS | Barça player Dani Olmo has a right soleus strain. He is out for the next match and his return will be determined by his recovery. pic.twitter.com/E0EGJVJnXP
— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 19, 2025