Фудбалскиот инсајдер, Фабрицио Романо, на социјалните мрежи објави фотографија од авионот со кој Дани Олмо патуваше за Барселона, заедно со спортскиот директор на „каталонците“ Деко, неговиот татко и менаџерската екипа.
Олмо веќе е во главниот град на Каталонија, а денес ќе ги изврши лекарските прегледи, по што се очекува и официјална промоција во дресот на Барселона. Репрезентативецот на Шпанија ќе потпише договор на шест години, а „каталонците“ на Лајпциг ќе му платат 55 милиони евра фиксно и седум милиони евра во дополнителени бонуси.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1820919058516078829?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1820919058516078829%7Ctwgr%5Ecb77ae0e33128870c9653e02a8ad92d2d7b6aa62%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fromano-ovo-je-prva-slika-olma-kao-igaca-barcelone%2F2588614.aspx