Дани Себалјос бара излез од Реал Мадрид, прва опција му е Бетис

Дани Себалјос побара да го напушти Реал Мадрид до крајот на преодниот рок. И покрај повредата на Џуд Белингам, Себаљос остана шеста опција во средниот ред на Карло Анчелоти. Италијанскиот стратег му даде шанса на Арда Ѓулер да го замени Белингам на минатиот натпревар.


Себалјос смета дека нема да добие многу шанси за игра оваа сезона, дури и по повлекувањето на Тони Крос, па затоа ја разгледува можноста за заминување, а првата опција му е Бетис.

Бетис е неговиот матичен клуб, но проблем е тоа што Реал Мадрид бара 20 милиони евра за трансферот, сума која Бетис не може да си ја дозволи во моментот. Не е исклучена можноста Реал да го пушти на позајмица, а сето тоа ќе треба да биде реализирано во финишот на летниот преоден рок.

- Оглас -

Најнови вести