31.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Дани Себаљос ќе го замени повредениот Иско во Бетис?

Долго споменуваната приказна за можниот камбек на Дани Себаљос во Бетис повторно е актуелна, откако клубот бара замена за повредениот Иско. Според „Мундо Депортиво“, Себаљос би можел да го напушти Реал Мадрид ова лето и да се врати во Бетис.

Интересот на андалузискиот клуб дополнително се зголемил поради тоа што Иско заработи фрактура на левата потколеница, што ќе го држи подолго време надвор од терените. Според првичните информации, Иско ќе отсуствува најмалку три месеци.

Себаљос официјално побарал трансфер од Реал Мадрид за да се приклучи на Бетис, но камен на сопнување би можела да биде отштетата. Реал бара околу 20 милиони евра, додека Бетис е подготвен да плати значително помал износ.

- Оглас -

Најнови вести