Фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Себаљос, ја продолжува својата кариера во Олимпик Марсеј. Според „Марка“, договорот е постигнат и шпанскиот играч ќе се пресели во Франција како позајмен играч, со задолжителен откуп за 15 милиони евра.
Со францускиот прволигаш Себаљос ќе потпише тригодишен договор.
До вчера, 28-годишниот играч за врска се двоумеше околу понудата бидејќи неговата прва желба беше враќање во Бетис. Сепак, на крајот ја прифати опцијата да го облече сино-белиот дрес на Марсеј.
Себаљос пристигна во Реал Мадрид во 2017 година, но не успеа да се наметне како стандарден првотимец. Во меѓувреме, од 2019 до 2021 година настапуваше на позајмица во Арсенал.