Поранешниот македонски репрезентативец Даниел Аврамовски има нов клуб во Турција. Офанзивниот играч денеска стави потпис за Сиваспор.
Аврамовски во турското првенство се појави минатата година како засилување на Болуспор, а потоа кратко време играше и за Игдир. Ова е негов трет ангажман во Турција, со оглед на тоа што претходно, во 2021 година, една сезона беше дел и од Кајсериспор.
Во текот на својата кариера ги носеше дресовите на повеќе клубови – Вардар, Олимпија Љубљана, Војводина, Црвена Звезда, ОФК Белград, Македонија ЃП и Работнички.
За македонската репрезентација има одиграно вкупно осум натпревари, а последниот настап го запиша против Исланд во 2021 година во квалификациите за Светското првенство.