Македонскиот олимписки комитет и во следните четири години ќе биде предводен од истиот претседател откако Даниел Димевски со големо мнозинство од присутните делегати доби нов четиригодишен мандат.
На изборното собрание на МОК присуствуваа 55-мина од вкупно 61 делегат, а дури 45-мина од нив му дадоа поддршка на единствениот кандидат, Даниел Димевски. Осум делегати гласаа против, а двајца беа воздржани.
Со ваквата одлука за собранието на МОК веројатно се става и крај на турбуленциите во македонскиот олимпизам откако пред два дена опозицијата организираше вонредно собрание, кое беше неуспешно бидејќи не успеа да обезбеди кворум за работа и одлучување.