Типстер купот на Sport Life го има својот прв победник во новата сезона. Даниел со девет погодени тикети во септември ја понесе ласкавата титула Типстер на месецот и си доби награда од 100.000 денари од Sport Life.
„Секој ден играв по шест натпревари со квота од најмалку 1.50 и со уплата од 50 денари ја бркав наградата. На крајот погодив девет тикети, што беше доволно за да се овои наградата од 100.000 денари. Немав некоја посебна тактика. Играв натпревари од различни спортови и комбинирав различни игри. Најважно ми беше да го исполнам условот за учество во наградната игра“, вели Типстерот за септември, Даниел.
Даниел е редовен играч во Sport Life и ова е веќе трета голема награда за него од акциските понуди на Sport Life.
„Најголемата добивка на тикет ми е околу 20.000 денари, но ова ми е веќе трета голема награда од Sport Life. Вторпат победувам во Типстер купот, а еднаш победив и во наградната игра со најмногу погодени натпревари на тикет со 50 натпревари. Најчесто играм на минимална уплата и учествувам во сите акциски понуди на Sport Life, на коишто им давам приоритет кога пишувам тикет“, додава Даниел.
Награди во првата етапа на Типстер купот имаше и за второ и третопласираните. Второпласираниот си доби 30.000 денари, додека третиот зеде награда од 20.000 денари.
Сите детали за Типстер купот на Sport Life може да ги најдете на следниов ЛИНК.