Поранешниот победник на Типстер купот на Sport Life, Даниел Р., сега може да се пофали со уште една престижна титула, Експерт за ракомет. Тој успеа да погоди тикет со квота од 942.91 од понудата за Европското ракометно првенство и сосема заслужено ја освои главната награда од 60.000 денари.
„Немаше тактика при составувањето на тикетот. Случајно ги одбрав 13-те ракометари и ги одиграв на играта плус-минус голови. Едноставно, ова беше чиста среќа. Ги играм сите спортови во Sport Life, во минатото го освоив и Типстер купот кога беше по стариот систем со бодување, а еднаш завршив и на второто место“, вели Даниел.
Наградата од 60.000 денари, но и добитниот ракометен тикет од 16.000 денари се меѓу најголемите добивки на Даниел од игрите на среќа, но минатото лето само за еден натпревар му избега главната премија на Sport Life, станот во Скопје.
„Учествувам во сите промотивни акции на Sport Life, ги играм сите игри, но најмногу ми е жал што за еден натпревар ми побегна станот во Скопје. Имав тикет со квота од 1.900, но паднав само на Црвена ѕвезда, а победникот на крајот го освои станот со квота од околу 1.000. Сепак, не се предавам, продолжувам да учествувам и да ги бркам сите награди од најдобрите спортски обложувалници во Македонија, Sport Life“, додава Даниел.
Награди од промотивната акција „Експерт за ракомет“ си добија и второпласираниот Благоја, како и третопласираниот Орце.