31.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Даниел Мојсов го продолжи договорот со АЕК Ларнака

Кипарскиот прволигаш АЕК Ларнака, официјално објави дека со задоволство го продолжиле договорот со македонскиот дефанзивец Даниел Мојсов за уште една сезона.

Кавадарчанецот од летото 2016 година е член на „жолто-зелените“ од Ларнака, тим чиј капитен е Иван Тричковски. Инаку, Мојсов досега има 89 настапи за АЕК во првенството, 14 во купот на Кипар, еден во суперкупот, и 25 средби на европска сцена. Иако тоа не му е главна задача, Мојсов има постигнато и пет гола.

- Оглас -

Најнови вести