Даниеле Де Роси би сакал да игра за Бока јуниорс

Фудбалерот од средниот ред на Рома, и досегашен капитен на „римската волчица“, Даниеле Де Роси, би можел кариерата да ја продолжи во Аргентина и тоа во редовите на Бока јуниорс. Де Роси кој има 35 години, во минатото има изјавено дека би сакал да заигра за Бока, и можеби таа желба е му се исполни.

Де Роси по завршувањето на сезонава си оди од Рома, клубот чиј дрес го носеше речиси 20 години, и пред крајот на кариерата би можел да потпише за вицепрвакот на Јужна Америка и еден од најтрофејните и најпопуларни клубови на јужноамериканскиот континент.

„Даниеле е мој пријател, постојано сме во контакт. За таков играч, нашите врати секогаш се отворени. Но, се разбира не сакам да му правам голем притисок, знам колку му е тешко што се раздели со Рома”, – вели спортскиот директор на Бока, Николас Бурдисо.

Де Роси одигра 615 меча за Рома и освои три трофеи (два Купа на Италија и еден Суперкуп).

Во минатата година, Де Роси во интервју за еден аргентински медиум изјави: „Многу ми се допаѓа Бока, особено стадионот, навивачите и тоа што таму играше Марадона. Би сакал да влезам на Ла Бомбониера, играњето за Бока е задоволство“ – рече Де Роси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести