10.8 C
Skopje
четврток, 6 ноември 2025

Даниеле де Роси ќе биде нов тренер на Џенова

Италијанската фудбалска легенда Даниеле де Роси е на чекор да стане нов тренер на Џенова, објавија италијанските медиуми. Двете страни постигнале договор до крајот на сезоната, кој автоматски ќе се продолжи за уште една година доколку тимот успее да го задржи местото во Серија А. Платата на Де Роси ќе изнесува околу 800.000 евра.

Поранешниот капитен на Рома ќе го наследи Патрик Виера, кој беше отпуштен по слабото отворање на сезоната. За 42-годишниот стручњак ова ќе биде трет клуб во неговата тренерска кариера, по Рома и СПАЛ.

Интересно е што Де Роси нема да може да ја води Џенова на својот прв натпревар, бидејќи сè уште мора да ја издржи казната од периодот кога беше тренер на Рома, токму по натпревар против истиот противник.

- Оглас -

Најнови вести