Данк ги насмеа сите и куртули од пенал (Видео)

Брајтон и Вулверхемптон ремизираа 2:2 со голови постигнати во првото полувреме, а најинтересниот момент на мечот се случи во продолжението.

Капитенот на Брајтон, Луис Данк одигра чудно за фудбалски меч, со глава сам си ја погоди раката, но по прегледувањето на спорниот момент, судиите во ВАР собата и главниот арбитар Мос одлучија дека нема пенал за Вулверхемптон.

Диого Жота со два гола за Вулверхемптон беше главен актер на мечот, а најпрво во 28. минута им донесе предност на гостите, за потоа во 44. минута да израмни на 2:2.

Головите за Брајтон ги постигнаа Маупај во 34. и пропер во 36. минута. Со рекордното деветто реми во Премиерлигата, Вулверхемптон е на шестото место со 24 бода, а Брајтон е 12-ти со 19 бодови.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести