39.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Данкерк елиминира уште една екипа од ЛШ, ПСЖ со „седмица“ до полуфинале на Купот (Видео)

Градот Данкерк е познат по својот ракометен клуб, но оваа сезона ќе ја паметат по фудбалот. По елиминацијата на Лил во осминафиналето, второлигашот сега победи уште една екипа која играше во Лигата на шампионите, Брест, и тоа со 2-3 на гостински терен, откако претходно губеше со 2-0.

Брест сè до 65-тата минута имаше водство од два гола, а тогаш Данкерк намали на 2-1. Головите за израмнување, односно за победа, ги постигнаа во 80-тата и 84-тата минута.

Навивачите на Данкерк и 30 минути по завршувањето на мечот останаа на трибините и навиваа.

А, вака се славеше низ улиците на Данкерк по големиот успех и пласманот во полуфиналето од Купот на Франција.

Во полуфиналето на францускиот Куп се пласира и ПСЖ, кој со убедливи 0-7 славеше на гостувањето кај четвртолигашот Сен Брие. Рамос постигна три гола, додека по еднаш во листата на стрелците се запишаа и Невес, Дуе, Мајулу и Дембеле.

- Оглас -

Најнови вести