Данска е репрезентација која на неверојатен начин остана без директен пласман на Светското првенство во 2026 година. На две кола до крајот, Данска беше во пол-позиција и прво дома играше против фенерџијата Белорусија, но не успеа да победи и одигра само 2:2 во меч на кој губеа со 1:2, па се спасуваа.
Во последното коло Данска влезе со 11 бода, а Шкотска беше втора со 10 бода. Но, Шкотска во последното коло на свој терен играше против Данска и со победа ќе се пласира на СП.
Шкотите водеа со 1:0 и 2:1, но Данска двапати израмнуваше. Беше 2:2 кога во 90+3 минута Киран Тирни постигна одличен гол со кој Шкотска поведе со 3:2 и ги фрли Данците на колена, а домашните навивачи на стадионот во Глазгов беа во делириум. Едноставно Данска беше само на две-три минути од пласман на Мундијалот во 2026 година, но прими гол.
Во последните моменти од средбата, Данска тргна со сите сили да израмни на 3:3, но наместо тоа, Шкотска постигна уште еден спектакуларен погодок, и тоа од половина терен за конечни 4:2.
[BBC Scotland] reaction to [4]-2 K. McLean 90+7
byu/cjsc9079 insoccer
Така Данска остана во нокдаун и без директен пласман на СП 2026, а сега останува Македонија да ѝ го зададе конечниот нокаут и да ја исфрли од можноста да игра во последниот бараж за планетарниот собир кој ќе се игра следната година во САД, Канада и Мексико.

