13.8 C
Skopje
среда, 12 ноември 2025

Данска е противник по мерка за кошаркарките да победат во Скопје по пауза од 17 години

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија денеска од 17 часот во СРЦ „Кале“ (влезот е слободен) во Скопје против Данска ги почнува квалификациите за Евробаскетот 2027.

Најдобрите македонски кошаркарки се надеваат дека може да извојуваат победа, која би била прва на официјален меч во Скопје по пауза од 17 години. По овој меч со Данска, за три дена, пак во Скопје, ни гостува Грција.

„Се надевам дека ќе направиме една, а зошто да не и две победи. Впрочем нашата цел секогаш била – победа, нема зошто да не биде така и денеска, против Данска“, вели селекторот Ашаданов.

Последната победа на Македонија беше во февруари 2023, против БиХ на гости, а дома не сме победиле уште од јули 2012, кога во Охрид се играше таканаречено Европско првенство за мали земји.

Според квотите во Sport Life, Данска е фаворит за победа, но тоа не мора ништо да значи, нашиот состав има спој на младост и искуство, како и натурализирана кошаркарка која ќе биде од голема помош.

- Оглас -

Најнови вести