Репрезентацијата на Данска според она што го прикажува досега на Светското првенство во ракомет за мажи, се наметна како главен фаворит за титулата.
Данците ги мелат своите противници, но имаа и малку среќа, па досега играа само со еден ракометен гигант, тоа е Германија, против која исто така демонстрираа моќ кога постигнаа 40 гола и победија со десет гола разлика. Следен ривал во четвртфиналето им е Бразил ,во меч кој ќе се игра во Осло.
Според квотите во Sport Life, Данска е главен кандидат за освојување на светската титула.
Зад Данците, втор фаворит е Франција, која исто така кога е во ритам и мотивирана, може секого да го победи. И Французите ги надиграа и ги победија убедливо сите противници кои им се испречија на патот досега. Триколорите во четвртфиналето во Загреб ќе се сретнат со Египет.
Хрватите дури синоќа со победата над Словенија во последното коло од втората фаза обезбедија четвртфинале, а сега важат за трети фаворити за титулата. Имаат поволен ривал во четвртфиналето, тоа е Унгарија, против која играат дома во Загреб и реално е да играат полуфинале.
Интересна е опцијата која ја нуди Sport Life за обложување на финалист. За Данска и Франција се најмали квотите, но ако верувате дека некоја друга селекција освен овие две ќе игра во мечот за злато, може фино да заработите бидејќи квотите се големи.