Данска ги претстави дресовите за СП во Катар, а инспирацијата е од златната генерација од 1992 година (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Данска изминативе години претставува вистинско освежување. Откако одлично играа на минатото ЕП, каде што несреќно загубија од Англија, и тоа во полуфиналето со 2:1, имаа одлични квалификации за СП со оставарувања коишто се ретко видени.

Затоа со право може да очекуваме Данците да бидат едно од изненадувањата и на ова СП во Катар, а по тој повод спортскиот бренд „Хумел“ ги претстави трите дреса.

Инспирацијата е земена од 1992 година, кога Данска ја замени тогашната Југославија на Европското првенство и успеа да направи сензација и да го освои златниот медал.

Дресовите изгледаат навистина одлично.

- Оглас -

Најнови вести