Репрезентацијата на Данска со 2:0 славеше над Србија во меч од второто коло од Лигата на нации во меч кој го одбележа погодокот на Јусуф Полсен.
Данска која во првото коло со 2:0 ја победи Швајцарија, тргна самоуверено и во дуелот против Србија, па со погодокот на Гронбак стигна до предност од 1:0 во 36 минута.
Вистинска мајсторија беше погодокот што го постигна Полсен во 61 минута кога со „ножички“ ја матираше одбраната на Србија. Тој погодок може да го видите ТУКА.
Во мечевите кои се одиграа од 18 часот, Белорусија со 1:0 славеше на гости кај Луксембург, а домашниот терен го искористија Бугарија која со 1:0 ја победи Северна Ирска и Словачка која немаше проблеми против Азербејџан и славеше со 2:0.