Репрезентацијата на Данска денеска и официјално го објави списокот на репрезентативци за дуелот против Македонија во баражот кој на 26 март ќе се игра во Копенхаген.
Македонија по вторпат се наоѓа во ваква ситуација. Пред четири години се радувавме на историски триумф против Италија во Палермо, но потоа загубивме од Португалија. Сега противникот ни е Данска.
Со Расум Хојлунд на чело и Данска има многу квалитетна репрезентација и сигурно ќе го има приматот на фаворит против Македонија, но тоа не значи дека нашите фудбалери предводени од селекторот Гоце Седлоски не се подготвени да изненадат.


