Ракометот приредува неверојатно драматични моменти на Олимписките игри. Делуваше дека репрезентацијата на Данска ќе успее мирно да избори финале на олимпискиот турнир во машка конкуренција, но на крајот едвај се провлече.
Словенците не се предаваа до крајот, а во имаа и последен напад за израмнување.
Сепак, не успеаја, па Данска славеше со 31-30 и закажа финална пресметка против Германија. Можеби мал удел имаа и судиите, кога буквално во последната секунда досудија фаул на девет метри, наместо седмерец за Словенците, но, сепак, Данска е селекцијата која оди во финалето.
Данците на полувреме имаа предност од пет гола (15-10), во вториот дел стигнаа и до +6, но Словенија полека ја топеше негативата, се разбрани голманот Ферлин, му одбрани и седмерец на Микел Хансен на дваесетина секунди пред крајот, па „дежелата“ тргна во напад за израмнување. Сепак, не успеаја да го реализираат.
Магнус Ландин Јакобсен со шест гола беше најефикасен во селекцијата на Данска, а Хансен и Јоргенсен постигнаа по пет погодоци.
Бомбач и Влах постигнаа по седум гола за селекцијата на Словенија, која во мечот за третото место ќе се сретне со Шпанија.