Данска го освои првото место во Група 1 откако во директен дуел против Норвешка победи со 31:29. Данска и Норвешка завршија со по осум бодови, но Данска е прва поради подобриот меѓусебен дуел.
Средбата во Љубљана беше интересна и двете селекции се менуваа во водство. Норвешка водеше со 13:12 на полувреме, а Данска во втората половина од второто полувреме направи клучна предност. При нерешен резултат 24:24, Данска со серија од 5:1 стигна до 29:25 и до крајот не ја испушти предноста.
Со оваа победа Данска ја доби Црна Гора за противник во полуфиналето, додека во вториот меч кој треба да го даде финалистот на ЕП ќе играат Норвешка и Франција.