Данска ќе обезбеди место на СП, Полска ќе нападне во Тирана

6805 Албанија – Полска (20.45 часот)

Ова е директен дуел за второто место во групата во која прва е Англија. Албанците се пријатно изненадување во овој циклус и имаат пет победи во седумте кола. Можеби е време првпат да одиграат нерешено. И со реми Албанија ќе остане втора на табелата, со бод плус во однос на Полјаците. Нападот предводен од Левандовски е моќното оружје на Полјаците, тие имаат дадено дури 13 гола повеќе од Албанија. На гостувањето во Полска, Албанија загуби со 1-4, па овојпат целта на нашите западни соседи е да останат непоразени.

Предлог тип: Х2 & 2-4 (2.06)

 

6802 Данска – Австрија (20.45 часот)

Данска засега е перфектна, има 7 победи во 7 кола, со гол-разлика 26-0 и ако победи вечерва, ќе обезбеди место на СП. Дури и со реми, Данците би можеле да си го загарантираат првото место. Австрија е во непријатна положба, има скромни 10 бода, четири помалку од втората Шкотска, и мора да победи вечерва ако сака да се доближи до втората позиција. Данците во март ја декласираа Австрија со 4-0 и ќе сакаат да ја продолжат триумфалната низа, па со навивачите вечерва да го прослават пласманот на СП.

Предлог тип: 1 (1.52)

 

6714 Португалија – Луксембург (20.45 часот)

Тука јасно е кој е фаворит, Португалија со победа ќе го преземе врвот во својата група и во последните две кола ќе влезе со плус од два бода во однос на Србија. Луксембург има две победи и три порази, а и овојпат нема да одигра нерешено. Португалците на последните три меча даваа по три гола. И традицијата е на страна на Португалија, во март годинава Кристијано Роналдо и другарите со 3-1 славеа во Луксембург.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.77)

 

6800 Шведска – Грција (20.45 часот)

Ова е многу интересен дуел бидејќи Шведска во овие квалификации ја победи силната Шпанија, а загуби само од вечерашниот противник. Швеѓаните имаат многу мотиви, не само да им се реваншираат на Грците, туку победата ќе ги качи на прво место со два бода пред Шпанија. И нашите јужни соседи си имаат математики, со победа дефинитивно и тие влегуваат во игра за првото место. Грците немаат пораз, а против Шпанија ќе треба да играат дома, па ова им е клучен меч. Голови треба да има, но не повеќе од три.

Предлог тип: 2-3 гола (1.99)

 

6708 Украина – БиХ (20.45 часот)

Украинците по пет ремија по ред, конечно победија во минатото коло и сега имаат 8 бода, два повеќе од Босна и Херцеговина, селекција која исто така пред неколку дена дојде до првиот триумф во квалификациите за СП 2022. Двата тима се мајстори за нерешени игри, но нивно реми може да искористи Финска, која има три бода помалку од Украинците. Украина и БиХ досега никогаш не играле меѓу себе.

Предлог тип: & 1-3 (1.85)

- Оглас -

Најнови вести