Данска нема конкуренција во светот на ракометот: Ја прегазија Хрватска за четврта титула по ред

Данска е старо-новиот ракометен владетел, откако во финалето на Светското првенство ја совладаа Хрватска со убедливи 32-26. За данците ова беше 37-ма победа по ред на светските шампионите, но и четврта титула по ред.

Хрватска ниту еднаш немаше водство на финалето во Осло, а единственото израмнување беше за 1-1. Веднаш следуваше серија на Данска за водство од 4-1, а највисоките +4 во првото полувреме првпат ги имаа за 13-9. Толку изнесуваше и водството на Данска на полувремето, четири разлика за 16-12.

Светскиот шампион беше одлучен на стартот од второто полувреме, кога данците со серија од 8-2 дојде до двоцифрена предност од 24-14, а потоа веќе се беше лесно за нив до крајот. Хрватска успеа да намали, но пред се поради опуштањето во данските редови, кои се чини дека предвреме почнаа да ја слават новата титулата.

Убедливо најдобар на теренот беше данскиот ракометар Гидсел, кој мечот го заврши со 10 гола и го понесе признанието за најдобар стрелец на Светското првенство.

Данска дојде до својата четврта титула по ред и четврта воопшто во историјата, во своето седмо финале, додека Хрватска останува со еден трофеј, откако го загуби и четвртото финале.

- Оглас -

Најнови вести