-0.2 C
Skopje
четврток, 22 јануари 2026

Данска со фуриозен финиш го сруши бранителот на трофејот

Репрезентацијата на Данска се врати на голема врата во игра за пласман во полуфиналето на Европското првенство, откако со фуриозен финиш дојде до победата над бранителот на трофејот, Франција.

„Триколорите“ на пет минути до крајот од мечот имаа водство од два гола, но Данска со серија од 5-1 направи комплетен пресврт и негативата од два гола брзо ја претвори во водство од два гола, кои на крајот станаа и плус три за победа од 32-29.

Најефикасен на мечот беше Гидсел со девет гола, додека еден помалку постигна Питлик. Во поразениот состав најмногу голови постигна Мине, седум.

Во групата „1“ од главната фаза по првото коло во водство е Германија со четири бода, пред Данска, Франција, Португалија и Норвешка со по два, додека Шпанија е последна без бодови.

- Оглас -

Најнови вести