Данска со победа ќе биде на ЕП, на Албанија доволно ќе ѝ биде и реми за да слави

6797 Данска – Словенија (20:45 ч.)

Дуел на двете првопласирани селекции во групата, а победникот сигурно ќе игра на ЕП 2024. Данска дома е перфектна со четири победи во четири дуела со 11 дадени и само два примени гола.

Пред пет месеци беше 1:1 во Љубљана, а на претходните четири дуела, секогаш победувала Данска. Сите пет нивни дуела завршувале со 2-4 погодоци и овојпат ќе ја следиме традицијата.

Предлог тип: 1&2-4 (2.40)

 

6780 Молдавија – Албанија (20:45 ч.)

Молдавија има теоретски шанси да се бори за место на ЕП, но за тоа да се случи, ќе мора вечерва да победи и да чека повеќе резултати да одат во нејзина корист. Од друга страна, Албанија е лидер во групата и само со еден освоен бод ќе биде сигурен патник на континенталниот собир.

Албанија има гранитна одбрана само со три примени гола во шест меча, а и традицијата е на нивна страна кога се работи за дуелите со Молдавија. Во досегашните шест нивни средби, Албанија има пет победи и само едно реми.

Предлог тип: Х2&0-2 (1.84)

 

6763 Финска – Северна Ирска (18 ч.)

Меч кој нема големо значење, но Финска секако има поголеми шанси за победа. Северна Ирска има шест порази во последните седум меча (славеше само над Сан Марино), а дури пет пати губеше со 1:0.

И Финска е во лоша низа од три порази, па ова е одлична шанса за нив да ја прекинат серијата порази.

Предлог тип: 1 (1.98)

 

6791 Полска – Чешка (20:45 ч.)

За Полска ова е последен меч во квалификациите и со евентуална победа ќе дојде до второто место во групата, но сепак последниот адут ќе го има Чешка, која на крајот дома ќе игра против Молдавија.

Бидејќи Полска нема што да загуби, ова треба да биде дуел без многу калкулации и треба да има погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.13)

 

1641 Венло – Вилем Втори (21 ч.)

На шест од последните седум дуела на овие две екипи на крајот било гол-гол 3+. Во овој период, Вилем Втори има дури четири победи со 2:1, а еднаш Венло славел со тој резултат.

Вилем Втори е лидер во втората холандска лига, а Венло дома победи само трипати во седум дуела. Венло сезонава игра со просек од речиси четири гола на меч.

Предлог тип: ГГ3+ (1.80)

- Оглас -

Најнови вести