Актуелниот светски првак Данска без многу проблем славеше против Јапонија со 34:27 и го обезбеди првото место во Група 2 на Светското првенство во Египет. Со овој триумф Данците се сигурен патник во четвртфиналето, додека Јапонија е далеку на петото место со само еден бод.
Во првото полувреме Јапонија даваше достоен отпор и Данска немаше поголема предност од три разлика, а на полувреме замина со водство од 19:17. Фаворитот го зголеми темпото во вториот дел, но разликата најчесто беше меѓу три и пет разлика.
На крајот, Данска стигна до највисоката предност од седум гола и со перфектни осум бода е лидер. За второто место во оваа група ќе се борат дури три селекции. Аргентина откако неочекувано славеше против Хрватска се искачи на второто место со шест бода, Хрватска има пет, а Катар е со четири бода.
Во последното коло Хрватска ќе игра против светскиот првак Данска, додека Аргентина и Бахреин ќе видат битка меѓусебе.
Во вториот вечерен меч, Германија со 31:24 го победи Бразил, но Панцерите немаат шанса за влез во четвртфиналето.