Данската федерација донесе одлука која нема да им се допадне на фудбалерите

Данската фудбалска федерација одлучи да им забрани на репрезентативците да ги поведат своите девојки и сопруги на Светското првенство во Катар.

„Не сакаме Катар да заработи ништо од нас. На претходните Мундијали, фудбалерите ги водеа своите сопруги и девојки, но сега донесовме одлука да тие да не патуваат. Некои од нив веќе резервираа авионски билети и хотелски соби, но сите ги откажавме“, порачаа од Данската фудбалска федерација.

Данците во знак на протест поради организаторот кого го обвинуваат дека не ги почитува човековите права, одлучија на претстојниот Мундијал што ќе се одржи од 20 ноември до 18 декември да играат во „бојата на жалост“.

„Црна, тоа е бојата на жалост. Иако ја подржуваме репрезентацијатана Данска, ова не треба да се поврзува со поддршката на турнирот што однесе илјадници човечки животи“, порачаа од Хумел, компанија која ги изработи дресовите за данската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести