Дански тинејџер е сензацијата на Мастерсот во Париз, премијата му е финале против Ѓоковиќ или Циципас

Данскиот тенисер Холгер Руне, за првпат во кариерата ќе игра финале на турнирот од Мастерс 1000 серијата, а во битка за титулата ќе се судри со Новак Ѓоковиќ или Стефанос Циципас.

Во полуфиналето, 19-годишниот Руне го надигра Феликс Оже-Алиасим со 6-4, 6-2. За Канаѓанецот заврши серијата од 16 победи по ред, а Руне игра турнир на кариерата, во Париз ги совлада Стен Вавринка и четворица тенисери кои се во Топ 10 на АТП листата.

Со пласманот во финалето, Руне си обезбеди 12-то место на АТП, ако го освои ќе биде десетти, а годинава ја почна на 103-та позиција на светската ранг листа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести