Данскиот селектор е на мака и открива дека уште е во дилема кои играчи ќе стартуваа на неколку позиции

Остануваат малку повеќе од 48 часа до одигрувањето на мечот меѓу Данска и Македонија во баражот за пласман на Светското првенство кое ова лето ќе се игра во САД, Канада и Мексико. Вообичаено, селекторот на Данска, Брајан Ример, нема многу дилеми околу стартниот составот за меѓународен меч.

Сепак, сега ситуацијата е малку поинаква. Неколку важни играчи се повредени, има и суспендирани, па Ример е во дилема за тоа со кои 11-мина ќе го започне мечот на стадионот „Паркен“ в четврток против Македонија.

„Денеска и утре се најважните денови од подготовките. Во моментов имам дилеми за неколку позиции во стартниот тим. Треба да бидеме сигурни дека тактиката која ќе ја поставиме ќе одговара за тој тип на фудбалер кој ќе биде на соодветната позиција. Секогаш е убаво кога можете да најдете фудбалер кој е „цел пакет“, но огромното мнозинство играчи во светот имаат и врвни вештини, но и недостатоци. Има неколку позиции каде што би сакал да видам како изгледа кога тренираме 11 против 11 денес и утре. Но, тоа се само неколку места“, објаснува селекторот на Данска, Ример.

Најчесто Ример имал практика да го знае стартниот тим уште пред да биде направен првиот собир на националниот тим, но сега е поинаку. Стартниот состав на Данска сигурно нема да биде познат до неколку часа пред почетокот на средбата.

- Оглас -

Најнови вести