Данскиот селектор по ждрепката стравува од Црна Гора, не ја ни спомна Македонија

По ждрепката за групите на ракометното Европско првенство кое ќе се игра во јануари 2022 година, данскиот селектор Николај Јакобсен во својата прва изјава рече дека можеле да минат и полошо, но и подобро, а не ја спомна Македонија, која им е еден од трите ривали во групата во унгарскиот град Дебрецин заедно со Словенија и Црна Гора.

„Можеше да биде полошо, но и подобро. Среќен сум што Франција и Исланд не се во нашата група, но ме нервира што од последниот шешир се паднавме со Црна Гора, тоа беше тимот што сакав да го избегнеме. Како и да е, сигурен сум дека ќе ја поминеме групата, а потоа ќе имаме многу тешки противници“, рече Јакобсен.

- Оглас -

Најнови вести