Данскиот селектор прв барал прекин по молњите во Дортмунд, во 2009 негов играч останал без нога поради гром

Мечот од осминафиналето на ЕВРО 2024 помеѓу Германија и Данска во Дортмунд синоќа беше привремено прекинат поради невреме.

Англискиот судија Мајкл Оливер ги повика играчите да се повлечат во соблекувална откако молња го зафати небото над стадионот, а набрзо почна да паѓа силен дожд и град со големина на тениско топче.

Подоцна беше откриено дека данскиот селектор Каспер Хјулманд побарал пауза, а набрзо стана јасно и зошто.

Пред 15 години Хјулманд кога беше помошник тренер на Нордсјеланд, за време на еден натпревар започнало невреме и играчот на Нордсјеланд, Џонатан Рихтер, го удри гром. Неговото срце застанало, по што лекарите едвај го спасиле. Тој останал во индуцирана кома 10 дена. Лекарите морале да му ја ампутираат левата нога за да може да преживее.

Хјулманд се исплаши, му се вратија сеќавањата, и веднаш побарал од судијата да ја прекине средбата.

- Оглас -

Најнови вести