Селекторот на данската ракометна репрезентација, Николај Јакобсен, истакна дека не ги сака сребрените медали, иако за многумина тоа е успех. Данска беше поразена од Франција во финалето на Европското првенство во Германија и Јакобсен не може лесно да го преболи поразот.
„Не ги сакам сребрените медали. Финалето беше на многу високо ниво, двата тима играа добро, цврсто. Клучно беше што не ги искористивме нашите шанси кои ни се укажуваа. Навистина сме многу разочарани, особено што имавме шанси, а не ги користевме и затоа Франција победи. Беа малку подобри од нас во последните 10 минути“, смета Јакобсен.