Данските фудбалери добија фантастичен пречек, а уште се дел од ЕП (Видео)

Репрезентацијата на Данска е најпријатното изненадување на Европското фудбалско првенство. Тимот кој ги загуби првите две кола во групната фаза, сега е дел од полуфиналето на континенталниот собир. Следниот голем предизвик за Данска е дуелот против Англија, која во полуфиналето на ЕП ќе игра на домашен терен на „Вембли“.

Данците во четвртфиналето со 2:1 во Баку ја елиминираа Чешка, а по тој меч, селекцијата се врати во Копенхаген. Илјадници навивачи излегоа низ улиците на градот и со знамиња и навивање ги поздравија нивните нови спортски херои.

https://twitter.com/i/status/1412068500995256321

Сите се воодушевени од фактот дека Данска и по два порази на стартот, потоа успеа да освои три бода и тоа да биде доволно да го освои второто место во групата, а потоа во нокаут-фазата да ги елиминира Велс и Чешка. Данците нема да имаат поддршка од своите навивачи во полуфиналето на „Вембли“ затоа што британската влада одлучи дека нема да дозволи дански фанови да влезат во земјата како дел од протоколите поради корона-вирусот.

Можеби нема да имаат навивачи во Лондон, но тоа што го доживеаја данските фудбалери во својата татковина треба да им биде мотив плус да се обидат да направат уште едно чудо и да ја елиминираат Англија.

 

- Оглас -

Најнови вести