Данското тениско чудо летна високо, па се занесе – Не е омилен, а сега дури и му се ситат на 7 порази по ред

Данецот Холгер Руне се најави на големата тениска сцена со одличен настап на Ролан Гарос, кога играше во четвртфиналето, но и тогаш многумина му забележуваа дека се однесува недолично, а сега дури и му се ситат на серијата од 7 порази по ред.

Загуби и на АТП-турнирот во Умаг од Запата Миралјес со 1:2, а и таму со гестовите не ѝ се допадна на публиката.

Од победата против Стефанос Циципас во осминафиналето на Ролан Гарос, што беше првокласна сензација, Руне летна високо, но сега и падот е стрмоглав.

Реди само порази, а голем неуспех му беше недоличното однесување кон својата мајка Анеке Руне на Ролан Гарос, кога почна да ѝ вика на цел глас да го напушти теренот.

Со тој потег ја загуби магијата што ја приредуваше на терен, па сега 19-годишното момче од Данска е под голем притисок и со црна серија од 7 порази по ред на АТП-турнирите.

Колку е падот голем, покажува и поразот од Запата Миралјес, тенисер што Руне лани го победи со 6:0, 6:0, односно со популарниот Марс, и без загубен гем на турнирот во Мец, Франција.

 

- Оглас -

Најнови вести