Екипата на Баерн Минхен е голем фаворит за победата на утрешното гостување во Данска против шампионот на оваа скандинавска земја, Копенхаген.
Данците денес го тестираа семафорот, а според она што го внесоа организаторите, очекуваат дебакл и хет-трик на Хари Кејн.
