26.8 C
Skopje
четврток, 14 август 2025

Данците имаат нов предлог за прекар на Хрватите по демолирањето на Фуријата 

Подмладената репрезентација на Хрватска синоќа во првото коло на ЕП ја декласира Шпанија со 39:29 и покажа дека не треба однапред да се отпишува од битката за медалите иако повеќе не сака да ја нарекуваат „каубојци“ по славната генерација која освојуваше златни медали на Олимписки игри и Светски првенства.

Хрватите го воодушевија ракометниот свет во неверојатната реализација, ги оставија шпанските голмани со само една одбрана, по што странските медиуми се вклучија во потрагата по нов прекар.

Дански новинар предложи хрватските ракометари сега да се нарекуваат Снајпери бидејќи шутираа со 96 отсто успешност.

- Оглас -

Најнови вести