Данската телевизија ТВ2 го објави тајно сниманиот разговор на Драган Начевски со наводниот кинески бизнисмен Џанг, а всушност актер, кој беше искористен како причина за суспензијата на Начевски од страна на ЕХФ.
Од Европската куќа на ракометот објавија дека Начевски во јануари 2020 година имал состанок со неименуван бизнисмен, кого го убедувал дека може да внесе кинески тим во СЕХА-лигата. ЕХФ го суспендира Начевски бидејќи иако ја одбил понудата да биде дел од местенки, тоа не го направил доволно силно и конкретно.
Некогашниот судија, а сега делегат, Начевски, во писмената изјава до ЕХФ демантирал дека бил дел од местење натпревари.
„Има многу дискусии за коцкањето и работите што се случуваат, но господине Жанг, јас нема да бидам премногу вклучен во ова. Не значи дека се плашам, но во принцип е малку ризично. Во ракометот го имаме овој „Спортрадар“ кој работи заедно со обложувалниците и кој се вклучува во Европската ракометна федерација за сите информации поврзани со коцкањето во врска со некои натпревари. Следат и знаат што се случува. И затоа велам не на ваков бизнис во моментов. Да бев помлад и само да ги бркам парите, дефинитивно ќе размислував за тоа. И ова е наш личен разговор. Разговаравме, но не сме разговарале“, вели Начевски на состанокот со лажниот кинески бизнисмен.
Разговорот на Начевски со наводниот бизнисмен може да го погледнете ТУКА.