Данците ќе добијат многу нови навивачи на Мундијалот, за секој постигнат гол ќе донираат пари за луѓето кои во Катар не смее да се зборува

Данската фудбалска федерација од денеска покрена хуманитарна акција која ќе трае до завршување на Мундијалот во Катар (18 декември) за собирање парични средства за мигрантите кои работеа на изградба на стадионите во земјата домаќин на СП.

Ова е нов потег на Данската федерација во искажувањето поддршка за мигрантите во Катар, а репрезентацијата на Мундијалот ќе настапи во специјални дресови, а една од комбинациите ќе им биде да играат во црна опрема.

Исто така, Федерацијата одлучи, од денеска, па до крајот на месецот за секој постигнат гол на натпреварите во сите дански лиги да донира 10 норвешки круни, односно околу 1,3 долари.

Минатиот ноември беа постигнани 55.000 гола, а доколку и овој месец се постигнат толку голови, Федерацијата ќе му донира околу 73.000 долари на синдикатот БВИ (Меѓународна федерација на работници во градежништво и дрвна индустрија), кој парите ќе ги пренасочи за мигрантите што работеа на изградба на стадионите во Катар и кои работат и живеат во нехумани услови.

Катарските власите ги демантираат обвинувањата за лошиот третман на мигрантите и забрануваат да се зборува за нив за време на Мундијалот.

- Оглас -

Најнови вести