Данците не калкулираа и ги исфрлија Швеѓаните од битката за полуфинале

Данска не калкулираше, ја победи Шведска со 30:26 во директна битка за пласман во полуфиналето на ракометниот Мундијал и, што е најважно, не дозволи реприза од фудбалскиот срам, кога двете селекции ја исфрлија Италија од ЕП со реми 2:2 што им одговараше на двете селекции.

Овојпат немаше ракометна реприза, па со Данците полуфинале ќе игра и Норвешка, иако имаше простор за калкулации.

Микел Хансен со шест голови ги предводеше Данците до нова победа, а тие се единствената селекција досега со максимален учинок.

Во полуфиналето ќе играат со Франција, а Германците, кои вечерва ја победија Шпанија со 31:30, ќе се судрат со Норвешка.

- Оглас -

Најнови вести