Англија води со 2-1 по првото продолжение откако судијата Дани Макели реши да досуди пенал за еден старт врз Рахим Стерлинг. Данците се бранеа, но не успеаја да се одбранат, а немаа и среќа бидејќи Каспер Шмајхел го одбрани ударот од 11 метри на Хари Кејн, но топката се одби кај Кејн и капитенот погоди за 2-1.
Кејн е првиот фудбалер во историјата кон утнал пенал во продолжение на полуфинале на ЕП, а втор на ЕВРО 2020 по нашиот Езџан Алиоски, кој по промашен пенал, погодил од одбиената топка.